• Горан Упале
Голманот на аргентинската фудбалска репрезентација, Емилијано Мартине,з се извини за своето навредливо однесување и истакна дека во иднина ќе се фокусира на освојување титули со репрезентацијата и Астон Вила, пренесуваат британските медиуми.
На 28 септември, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше аргентинскиот голман на два натпревари поради навредливо однесување и прекршување на принципите на фер-плеј. Минатиот месец, по натпреварот против Колумбија (1-2) во квалификациите за СП 2026, Мартинез удри во камера.
Поради суспензијата ќе ги пропушти квалификациите за СП 2026 против Венецуела и Боливија.
„Ги прифаќам санкциите на ФИФА и се извинувам ако некого навредив. Славењето треба да им носи насмевки на децата и да не омаловажувам никого. Никогаш не ми беше намера да не почитувам никого. Ќе направам сè за да не навредам повеќе никого, а ќе се фокусирам само на освојување титули со Аргентина и Астон Вила“, напиша Мартинез на Инстаграм.
32-годишниот голман е член на Астон Вила од 2020 година. Тој го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина, како и Копа Америка во 2021 и 2024 година.