Мартинез: Подобро се анализираат грешките со три освоени бода

Лесни противници на Светско првенство нема, а веќе неколку натпревари на овој Мундијал во Катар тоа го потврдија. Селекторот на белгиската селекција, Роберто Мартинез покажа задоволство од победата над Канада од 1-0 и покрај тоа што ова беше еден од најнеубедливите настапи на тимот во неговиот шестгодишен мандат.

Шпанецот беше критичен, но сепак задоволен од остварувањето на целта.

„Технички беше најлошиот натрпевар? Не, би рекол, бидејќи сепак ова е победа на Светското првенство. Моравме да ја покажеме другата страна од нашата игра и моравме многу добро да се браниме. 

Мора да им честитаме на Канаѓаните, но ние заслуживме да победиме. Мора да бидеме самокритични и да додаваме. Но, подобро е да анализир аме со три бода, особено откако ќе видите што се случи во натпреварот“, изјави Мартинез.

Белгија е третопласирана од последниот Мундијал и важи за фаворит од сенка и на ова првенство.

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Џон Хердман

    3-4-3