ВИДЕО: Мартинез пак блесна со уникатниот стил на изведување пенали - голманот без никакви шанси!

Победата на Венецуела против Аргентина во пријателскиот натпревар во Мадрид е големо изненадување и топ-тема на јужноамериканскиот континент. Победносниот гол за 3-1 беше трансформиран пенал на Јозеф Мартинез, некогашниот фудбалер на Торино, а сега член на шампионот во МЛС лигата, Атланта.

Напаѓачот од Венецуела има посебен стил на шутирање пенали по кој противничките голмани немаат решение. 

  • Пеналот на Мартинез против Аргентина:

  • Начинот на кој Мартинез ги изведува пеналите: 

Покрај овој гол на Мартинез, меѓу стрелците се запишаа и Рондон и Муриљо за Венецуела и Лаутаро Мартинез за Аргентина.