Мартинез: Конечниот резултат кажува многу за карактерот на моите фудбалери!

Фудбалерите на Белгија со епски пресврт обезбедија пласман во четвртфиналето на Мундијалот во Русија, откако имаа негатива од 0-2 во 52. минута, за да со голот на Чадли во 94. минута слават голема победа.

По натпреварот селеторот на Белгија, Роберто Мартинез, изјави дека денешниот натпревар беше еден вид на тест на карактерот на „ѓаволите“.

„Ова се случува на Светското првенство. Ова беше тест на карактерот на фудбалерите и на целиот тим. Конечниот резултат кажува за оваа група на фудбалери“, изјави Мартинез.

Белгија е само вториот тим, кој успеал да се врати од два гола негатива и да слави во нокаут-фазата уште во регуларниот дел. Претходно тоа го направи Португалија на Еузебио во 1966 година во мечот против Корјеа.