Мартинез: Никако не смееме да ги потцениме Јапонците

Роберто Мартинез, селекторот на Белгија, не сакаше да ја става својата репрезентација во преден план во пресрет на вечерашното осминафинале против Јапонија

Некогашниот менаџер на Евертон вели дека неговите момци се фаворити, но никако не смеат да го потценат противникот, кој на овој Мундијал покажа дека поседува голем квалитет. 

„Овој јапонски тим докажа дека поседува квалитет и дека може да го победи секој противник. Тие знаат што им е потребно за да слават на вакви натпревари. Можеби сме фаворити, но очекувам тежок натпревар и нијанси да решаваат“, вели Мартинез

Овие две селекции низ историјата се сретнале пет пати, Јапонија извојувала две победи, два меча завршија без победник, а „црвените-ѓаволи“ славеле само еднаш.