• Горан Упале

Емилијано Мартинез, голманот на светскиот фудбалски шамион, Аргентина, го повтори срамниот потез од финалето на Светското првенство во Катар, но овој пат доби друштво од соиграчите.
„Не требаше да го сторам тоа. Тоа е единственото нешто од Светското првенство со кое не се гордеам. Тоа беше глупост која што ја направив и на Копа Америка. Таму исто така ја добив „Златната ракавица“ за најдобар голман на јужноамериканското првенство, а титулата ја освои Аргентина.
Еден пријател ми рече пред церемонијата во Катар дека не верува дека повторно ќе го направам истото, но не ми беше грижа што правам и што велат другите. Но, после сите критики за тоа што го направив и кога размислував за тоа, жал ми е и навистина тоа е единственото нешто на кое не се гордеам“, рече Мартинез.
Неодамна за својот шокантен потег вака говореше Емилијано Мартинез, најдобриот голман на Светското првенство, каде Аргентина пред три месеци ја освои титулата, која ја чекаше цели 36 години.
Примитивниот потег што Мартинез го изведе пред целиот свет предизвика општа осуда и негодување. Но, синоќа, по победата на Аргентина над Панама (2-0) на пријателскиот натпревар во Буенос Аирес, Мартинез го повтори својот озлогласен чин на радост, а доби и друштво од неколку соиграчи.
A modern classic recreated pic.twitter.com/XF4Rr5Husk
— Football on BT Sport (@btsportfootball) March 24, 2023
Шегата ја направија со реплика на победничкиот трофеј од Светското првенство, кој го доби секој играч на Аргентина што настапуваше во Катар.