• Саше Љолес
Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез, ги пофали своите избраници за пристапот во финалниот натпревар од Лигата на нации, истакнувајќи дека победата е слатка, затоа што е против актуелниот европски шампион.
Мартинез го истакна напредокот на тимот и призна дека има огромен квалитет во ростерот, нешто што го прави среќен и горд.
„Веќе одработевме заедно повеќе од триесетина натпревари. Сега гледам голема самодоверба и квалитет во играта. Веруваме еден во друг, тоа е најважно. Ова не е само обичен тим, туку колектив од 16-17 играчи кои се на истото ниво.
Јас како тренер можам само да пробувам концепти и разни тактики. Сосема е различен тимот од моментот кога започнав како селектор на Португалија. Еволуираме и тоа е очигледно. Победа против европски шампион е секогаш слатка“, рече Мартинез.
Португалија го совлада големиот ривал по подобро изведување пенали на „Алианц Арената“ во Минхен. За Роберто Мартинез ова беше прв значаен трофеј на клупата на „Селесао“.
ФОТО/PHOTO: UEFA