ВИДЕО: Мартинез џокер на Порто, „змејовите“ ќе играат за Куп-титула

Екипата на Порто на домашен терен го победи Спортинг Лисабон (1-0) и со вкупен резултат 3-1 патува во финалето од Купот на Португалија.

„Змејовите“ се доминантни на домашната сцена, а тоа го потврдија со втората победа над актуелниот првак на земјата од Пиринејскиот полуостров кој е во заминување. До финалето, Порто дојде со еден погодок.

  • Голот за победа на Порто:

„Џокер“ на натпреварот е Тони Мартинез. Играчот влезе од клупата за резерви во 81. минута на местото на Еванлисон, а само две минути подоцна по асистенција на Пепе успеа да ја стресе мрежата на „лавовите“ и да донесе голем триумф. Спортинг го заврши мечот и со играч помалку затоа што во 89. минута директен црвен заработи Поро.

Ривал на Порто во финалето ќе биде екипата на Тондела која ќе ја понесе улогата на аутсајдер.