Мартинез без Де Брујне, Компани, Витсел ќе ги започне евро-квалификациите! 

По долгата пауза од три месеци, кон крајот на овој месец започнуваат возбудувањата од репрезентативната фудбалска сцена. На ред дојдоа квалификациите за следното Европско првенство, кое се игра во 12 различни држави. 

Селекцијата од која се очекува без многу потешкотии да ги мине овие квалификации, Белгија, први бодови ќе брка против Русија и Кипар. Селекторот Роберто Мартинез веќе го објави списокот на фудбалери за овие натпревари, кој е видно изменет со оној на последното Светско првенство во Русија, бидејќи на истиот недостигаат имиња како Де Брујне, Витсел, Компани - (повреди), Фелаини (пензија), а под знак прашалник се и Лукаку, Вермален и Муса Дембеле. 

Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Симон Мињоле (Ливерпул), Мац Селс (Стразбур), Коен Кастелс (Волфсбург)

Одбрана: Тоби Алдервирелд (Тотенхем), Дедрик Бојата (Селтик), Џејсон Денајер (Олимпик Лион), Бренд Мехеле (Бриж), Томас Вермален (Барселона), Јан Вертонген (Тотенхем)

Среден ред: Муса Дембеле (Гвангжу Евергранде), Јаник Фереира Караско (Далиен Џифанг), Тимоти Кастањ (Аталанта), Насер Чадли (Монако), Том Муние (Пари Сен Жермен), Леандер Дендонкер (Вулверхемптон), Денис Прат (Сампдора), Јури Тилеманс (Лестер), Ханс Ванилта (Клуб Бриж)

Напад: Кристијан Бентеке (Кристал Палас), Еден Азар (Челзи), Торган Азар (Борусија Менхенгладбах), Аднан Јанузај (Реал Сосиједад), Дрис Мертенс (Наполи), Леандро Тросар (Генк), Мичи Батчуаји (Кристал Палас), Ромелу Лукаку (Манчестер Јунајтед) Дивок Ориги (Ливерпул).

Белгија, квалификациите ќе ги отвори пред својата публика против Русија (21 март), додека три дена подоцна ќе гостува кај Кипар. 

Европско првенство, Квалификации, Група I
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БелгијаБелгија 4 4 0 0 11:1 10 12
2 РусијаРусија 4 3 0 1 15:3 12 9
3 КазахстанКазахстан 2 4 2 0 2 7:7 0 6
4 ШкотскаШкотска 1 4 2 0 2 4:7 -3 6
5 КипарКипар 1 4 1 0 3 6:5 1 3
6 Сан МариноСан Марино 4 0 0 4 0:20 -20 0