• Иван Димовски
Фудбалерите на Арсенал ќе го дочекаат ПСЖ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Мина долго време откако „топчиите“ беа дел од оваа фаза на елитното натпреварување. Токму за тоа зборуваше Габриел Мартинели, кој посочи дека тимот има еден сон.
„Имаме еден сон... Веруваме дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Арсенал никогаш досега не го кренал трофејот, а овој клуб заслужува да го има во своите витрини. Ова е еден од најголемите клубови на светот. Навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна во моментов.
Кога дојдов тука игравме во Лигата на Европа, а сега сме во полуфиналето на Л“, изјави Мартинели.
Натпреварот на „Емирати“ се игра во вторник во 21:00 часот, а реваншот е на 7 мај во Париз.