Мартин Талаков е најновото засилување за победникот во Купот на Македонија

Македонскиот прволигаш и актуелен Куп-освојувач, Силекс, донесе ново име во своите редови. Се работи за 23-годишниот Мартин Талаков, кој доаѓа од редовите на Работнички. 

Талаков настапува во средниот ред, но може да ги покрива и крилните офанзивни позиции. Зад себе има големо искуство играјќи за неколку клубови во домашното првенство, а исто така беше и младински репрезентативец на Македонија. 

Минатата сезона во дресот на Работнички одигра седумнаесет првенствени натпревари и забележа учинок од четири постигнати погодоци. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.