• Горан Упале
Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува да го засилува својот ростер за следната сезона. Нов члена на кавадарчани е напаѓачот Мартин Стојанов, кој доаѓа од редовите на Септември Софија.
25-годишниот Стојанов по своите одлични настапи во дресот на Кит-Го, кариерата ја продолжи во Брегалница, каде беше еден од најдобрите фудбалери, а пред две сезони за првпат стана интернационалец и го облече дресот на бугарскиот прволигаш.
За Септември Софија настапи на шеесет натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Инаку, Тиквеш како освојувач на Купот на Македонија, ова лето за првпат ќе настапи во фудбалска Европа, во квалификациите за Конференциската лига.