• Зоран Мишевски
Наследник на Вилфред Ненси на клупата на Селтик до крајот на сезоната ќе биде Мартин О’Нил. Трофејниот 73-годишен менаџер пак се врати од пензија за да го преземе клубот од Глазгов,
О’Нил претходно го презеде Селтик за да го замени Брендан Роџерс на привремена основа во октомври и победи на шест од неговите седум натпревари. Ирецот веќе го водеше Селтик помеѓу 2000/01 и 2005/06 година. Тој исто така ги водеше и Нотингем Форест, Астон Вила, Лестер, Норич, Викомб и други клубови, а беше на чело и на репрезентацијата на Република Ирска.
Вилфред Ненси беше отпуштен во понеделникот по само две победи во осум натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




