Мартин Мирчевски се врати во редовите на Беласица

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски пронајде нова средина и во иднина ќе го носи дресот на струмичка Беласица.

Мирчевски, кој има 21 година и настапува во средниот ред, во таборот на струмичани доаѓа од Трепча, каде направи трансфер за време на летото, но не ја доби вистинската шанса.

Двете страни решија спогодбено да го раскинат договорот, а фудбалерот се враќа во позната средина ако се земе предвид дека веќе претходно настапуваше за Беласица кога тренер во тимот беше Раде Цицмиловиќ.

Покрај за Беласица, Мирчевски играше уште за Пелистер и Победа. Во авантурата во Трепча, фудбалерот постигна вкупно шест гола.