Мартин Мирчевски не игра за ТСЦ поради ситна повреда

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски не беше во составот на ТСЦ Бачка Топола на последните контролни натпревари, а причината е позната.

Крилниот играч кој беше еден од најдобрите во ПМФЛ, па направи трансфер во еден од најорганизираните клубови во Србија, има ситна повреда, информира тренерот Жарко Лазетиќ.

Се очекува македонскиот фудбалер набрзо да се врати во стројот и пак да се најде во составот на ТСЦ Бачка Топола.