Мартин Мирчевски играч на колото во MOZZART BET Суперлигата во Србија

Мартин Мирчевски

Мартин Мирчевски одигра фантастичен натпревар и донесе сигурна победа на Бачка Топола на дуелот против Колубара. Најпрво со пета атрактивно израмни, а потоа со уште два гола го комплетира пресвртот на својот тим.

Добриот настап му донесе награда „играч на колото“ во MOZZART BET Суперлигата во Србија. Покрај головите, 25-годишникот беше втор меѓу сите актери во 11. коло од српскиот шампионат по бројот на успешни напаѓачки акции.

Мирчевски е поранешен член на Пелистер, Победа, Академија Пандев и Вардар. Трансферот во Србија го направи во текот на зимскиот преоден рок.