Мартин Ѓоргиевски освои титула со Брно, ќе игра во најдобрата лига

Македонскиот фудбалер Мартин Ѓоргиевски и неговиот Брно се најдобри во второлигашкиот шампионат на Чешка и во новата сезона ќе играат во најдобрата лига.

Нивниот главен конкурент Таборско киксна во својот натпревар во 24. коло, па така на шест рунди пред крајот јасно е дека Брно ќе биде шампион на Чешка.

Мартин Ѓоргиевски по доаѓањето во Брно од Македонија одигра вкупно девет натпревари во шампионатот, на кои постигна еден погодок.