Мартин Богатинов осма година ќе биде дел од Етникос Ахна

Македонскиот голман Мартин Богатинов останува на Кипар и не менува средина затоа што го продолжи договорот со Етникос Ахна.

Искусниот 37-годишен Богатинов кој во минатото бранеше за репрезентацијата на Македонија е дел од Етникос од 2015 година и во клубот ужива култен статус. Важи за еден од најискусните играчи, па затоа кипарскиот тим го задржа и за во иднина.

Богатинов покрај во Етникос во кариерата настапуваше и за Ермис, романска Стеауа, украински Карпати, како и македонските Работнички, Тетекс, Вардар, Цементарница и Силекс.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.