Мартин Алаѓозовски повеќе не е тренер на Брера Струмица

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица ја информира јавноста дека Мартин Алаѓозовски повеќе не е дел од стручниот штаб на клубот.

Во еден од најтешките периоди за Брера, кога беше најпотребно единство, карактер и посветеност Мартин беше дел од струмичкиот клуб. Со својата работа, однос и професионализам даде огромен придонес и остави длабока трага во тимот.

Неговата посветеност, енергија и верба во клубот нема да бидат заборавени велат од Брера Струмица и му изразуваат голема благодарност и му посакуваат многу успех во понатамошната кариера.

Брера Струмица ја чека борба за опстанок до крајот на сезоната во македонскиот фудбал.