Марсијал доби награда за брилијантните игри, се врати во репрезентацијата на Франција

По пауза од осум месеци, еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал се враќа во репрезентацијата на Франција. Во март оваа година младиот офанзивец одигра 57 минути во мечот меѓу Франција и Русија и не успеа да го убеди Дидие Дешамп дека е играч вреден за Мундијал.

Поради тоа не учествуваше во походот на „галските петли“ до својата втора светска титула, а беше изоставен и за првите натпревари во Лигата на нации, но сега, благодарение на брилијантните игри за Манчестер Јунајтед, повторно ќе го облече дресот на својот селекција. 

Дидие Дешамп денес го објави списокот на фудбалери со кои ќе го одигра последниот меч од новото натпреварување на УЕФА Лигата на нации, против Холандија. На истиот нема многу промени во однос на претходниот, а покрај Марсијал, во селекцијата се враќаат и Варан, кој беше повреден, како и поштедениот Менди. 

Покрај натпреварот со „лалињата“ (16 ноември), Франција формата ќе ја бруси и на пријателскиот натпревар против Уругвај кој е закажан за четири дена подоцна. 
 

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 3 2 1 0 4:2 2 7
2 ХоландијаХоландија 2 1 0 1 4:2 2 3
3 ГерманијаГерманија 3 0 1 2 1:5 -4 1