ВИДЕО: Марсело ја крена Пиреја на нозе – спектакуларен дочек за Бразилецот

Бразилскиот фудбалер Марсело ја изненади јавноста и од сите понуди одбра кариерата да ја продолжи во Грција каде ќе го носи дресот на Олимпијакос.

Несомнено, левиот бек кој доаѓа од Реал Мадрид како слободен ќе биде можеби најтрофејниот играч кој некогаш дошол во Олимпијакос. Марсело имаше претставување пред публиката, а од дочекот беше одушевен.

Марсело со Олимпијакос потпиша едногодишен договор, а во клубот ќе го носи дресот со број 12.