Марсело ја изненади јавноста со новиот клуб, се одлучи да игра во Грција!

Легендарниот Марсело летово го напушти Реал, по петнаесет години поминати во Мадрид. Неговиот договор истече, а тој го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како најодликуван играч на „кралскиот клуб“.

Се шпекулираше каде Бразилецот ќе ја продолжи кариерата. Се зборуваше за неговото доаѓање во Италија, Англија, но на крајот се одлучи за интересна дестинација. Марсело вечерва потпиша едногодишен договор со грчкиот шампион Олимпијакос. Левиот бек има опција да ја продолжи соработката за дополнителна една година.

Утре се очекува негово пристигнување и претставување во Пиреја. 34-годишниот Марсело е еден од малкумината со пет европски титули со Реал Мадрид. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.