Марсело го откри моментот кога Роналдо му кажал дека заминува од Мадрид

Роналдо Марсело

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, се отвори во едно интервју и откри кога дознал за заминувањето на Кристијано Роналдо.

Наводно, Португалецот му се доближил за време на еден тренинг во пресрет на финалето во Лигата на шампионите во Киев и му рекол: „Си заминувам“.

Бразилецот важи за еден од најдобрите пријатели на Роналдо во светот на фудбалот. Зборовите на својот соиграч го шокирале и го натерале да биде замислен за време на подготовките за големиот меч против Ливерпул.

Исто така, бразилскиот интернационалец говореше за шпекулациите дека може да се пресели во Јувентус. За италијанскиот шампион рече дека е „голем клуб“, но и дека уште има активен договор со „кралскиот“ клуб.