• Горан Упале
Екипата на Јувентус со сигурна победа од 0-2 ја започна новата ера со Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите. Но, португалскиот ас воопшто не придонесе во овој триумф на „старата дама“, бидејќи во 29. минута поради неспортско однесување заработи црвен картон.
Главниот судија на мечот, Германецот Феликс Брих со консултација со своите асистенти се одлучи да го испрати Роналдо предвреме во соблекувалната, што наиде на големо незадоволство кај најскапиот „бјанконер“.
Тренерот на Валенсија, Марселињо Гарсија, по мечот ја раскажа оваа ситуација од свој агол и истакна дека Роналдо бил лут и му рекол дека ништо не направил.
„Искрено не видов што се случи, бев сконцентриран на играта. Но, Роналдо беше лут и повреден и кога се доближи до мене со солзи на очите ми рече дека ништо не направил. Тоа беше чудна ситуација, но се разбира дека не е убаво да го видиш Роналдо во такво издание“, рече предводникот на „лилјаците“.
Големата победа на италијанскиот шампион ја донесе босанскиот репрезентативец, Пјаниќ, кој од удари од 11 метри ги постигна двата гола на мечот.