ВИДЕО: Марсеј загуби кај испаднатиот Нант и се оддалечи од пласман во ЛШ

Екипата на Олимпик Марсеј си ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите, откако доживеа непријатен и неочекуван пораз кај веќе испаднатиот Нант (3-0) во натпреварот од 32. коло на француската Лига 1. 

Сите голови беа постигнати во вторите 45 минути, а гостите не успеаја да се соземат од шокот и потклекнаа пред тимот кој следната сезона ќе игра еден ранг подолу. 

За Нант ова беше само петти триумф сезонава, а Олимпик Марсеј го запиша единаесеттиот пораз, со кој останува на 53 бода, четири помалку од третопласираниот Лион. 

До крајот на првенството остануваат уште две кола. Марсеј во следното коло ќе гостува кај екипата на Авр, а Нант патува кај второпласираниот Ленс.