• Саше Љолес
Екипата на Олимпик Марсеј го совлада Рен со убедливи 3-0 (1-0) и без поголеми проблеми се пласира во четвртфиналето на францускиот Куп.
Домашниот тим настапи со прилично силен тим, не покажувајќи никакви знаци на калкулирање, што резултираше со три погодоци во гостинската мрежа. Алжирецот Амин Гуири го отвори резултатот уште во втората минута, а на стартот од вториот дел мрежата ја затресе Англичанецот Мејсон Гринвуд.
Имаше Марсеј уште неколку шанси за уште поголема предност, а една од нив искористи искусниот Пјер-Емерик Обамејанг, кој ги постави конечните 3-0 во 83. минута од натпреварот.









