• Мартин Танасковски

Екипата на Олимпик Марсеј дојде до три бода на незгодното гостување кај Тулуз (2-3) и остана во чекор со најдобрите екипи во рамки на Лига 1. Сите пет екипи кои се на првите позиции во француската елита, победија ова коло.
Во првото полувреме, по само три минути игра, Марсеј имаше негатива. Далинга се запиша во листата на стрелците и така Тулуз на паузата имаше 1-0. Во вториот дел, Мбемба и Ундер дадоа два брзи гола за Марсеј за пресврт, а моментумот го искористи Таварес за 1-3.
- Тулуз - Олимпик Марсеј 2-3:
Пред самиот финиш, Онаиву го намали поразот на Тулуз. Марсеј е втор на табелата во Лига 1 со вкупно 52 освоени бода, пет помалку од лидерот ПСЖ, додека Тулуз се наоѓа на единаесеттото место и е далеку и од Европа и од зоната за испаѓање.
Ленс им се врати на победите и на домашен терен извојува победа против Нант со 3-1. Мачадо, Томасон и Траоре (автогол) ги донесоа бодовите. Домашен триумф запиша и Рен, кој го надигра Клермон со 2-0, со погодоците на Калимуендо.