ВИДЕО: Марсеј со моќно второ полувреме го „среди“ незгодниот Лориент

Екипата на Олимпик Марсеј по ремито со Монпелје експресно им се врати на победите во Лига 1, откако во денешното дерби со Лориент извојува херојски триумф од 3-2, со гол постигнат буквално во самиот финиш од натпреварoт. 

  • Олимпик Марсеј - Лориент 3-2:

Мечот на „Велодром“ започна со подобра игра на гостите и прекрасен гол на Мофи во 19. минута, но домаќините на стартот од вториот дел за само три минути направија комплетен пресврт и го презедоа водството. Првата ѕвезда на Марсеј, Паје израмни на 1-1, додека пресвртот го комплетира Лирола на асистенција на Тoван. 

Гостите по шокот и двата брзи гола  со сите сили тргнаа во напад, а тоа им донесе израмнување, а одново стрелец беше Мофи, но ниту вториот гол на младиот нигериски напаѓач не донесе бод за гостите, затоа што Лирола во 91. минута повторно беше на вистината на задачата и со нов гол ги постави конечните 3-2.

  • Анжер - Рен 0-3: 

Денешниот ден од француската Лига 1 го отворија екипите на Анжер и Рен, со натпревар во кој гостите извојуваа убедлива победа од 0-3.