ВИДЕО: Марсеј со леснотија го среди Ремс на стартот на Лига 1

Фудбалерите на Олимпик Марсеј со леснотија славеа во дуелот од првото коло на Лига 1 против Ремс со 4-1 (2-0). Пресметката на „Велодром“ беше прилично едносмерна, бидејќи уште во првиот дел домаќинот даде два гола кои му донесоа комфорт и полесна игра во продолжението. 

  • Олимпик Марсеј - Ремс 4-1:

Веќе во 13. минута од натпреварот Марсеј дојде до водство. Несреќен автогол си даде Вут Фаес, откако во обид да расчисти си ја стресе сопствената мрежа (1-0). Домаќинот и покрај водството продолжи да притиска. Ундер и Ронжие беа близу до реализација и ја тресеа рамката од голот, па Ремс имаше и среќа. 

Мрежата на гостите конечно пак се тресеше во втората минута од судиското продолжение. Засилувањето од Арсенал, Нуно Тавареш по асистенција од Балерди со добар удар погоди за 2-0 непосредно пред паузата. Во вториот дел дебитираше и Џордан Верету кој тукушто пристигна од Рома. Точката на победата дојде во 75. минута, преку резервистот Луис Суарез. Колумбиецот искористи одбиена топка и ја смести во голот за 3-0. Стрелец до крајот беше уште еден млад играч кој дојде од Арсенал, Фоларин Балогун. Англичанецот во 84. минута постигна почесен гол за Ремс. Во последните секунди на дуелот, свој втор гол вечерва постигна Суарез за конечните 4-1.  Во второто коло Марсеј гостува кај Брест, додека Ремс дома ќе се судри со Клермон.

  • Рен - Лориент 0-1: 

Попладнево изненадување приреди Лориент со победата во Рен со 0-1.

Состави

Игор Тудор

3-4-2-1

    Oscar Garcia

    3-4-1-2