ВИДЕО: Марсеј се распука и го „растури“ Тулуз во Лига 1

Фудбалерите на Олимпик Марсеј запишаа голема победа против Тулуз од 6-1 (2-0), во рамките на 16. коло на Лига 1. Средбата на „Велодром“ беше во целост за домаќинот, кој уште на полувремето имаше двојна предност на кам-бекот во француското првенство по паузата. 

  • Олимпик Марсеј - Тулуз 6-1: 

Резултатот беше отворен по 13 минути игра, со погодокот на Валентин Ронжие по асистенција на Гигот. Тулуз се обиде да се врати и имаше шанса преку Чаиби, меѓутоа до полувремето својата мрежа ја стресе Расмус Николаисен за 2-0 во 41. минута. 

Вториот дел тргна одлично за домашната екипа, бидејќи по само шест минути падна и третиот гол. Сеад Колашинац беше стрелец на погодокот по асистенцијата на Геј. Веќе во 62. минута Марсеј постигна уште еден гол, преку Димитри Паје. До крајот на мечот имаше по еден пенал на двете страни, за Тулуз стрелаше Ван ден Бомен, додека за домаќинот реализира Ундер. 

  • Лориент - Монпелје 0-2:

На останатите терени Монпелје славеше кај Лориент (0-2), Ремс го совлада Рен (3-1), а без голови одиграа Ница и Ленс (0-0). 

Состави

Игор Тудор

3-4-2-1

    Philippe Montanier

    4-3-3