ВИДЕО: Марсеј се налути со Бордо и им се врати на победите

Олимпик Марсеј конечно заличи на себе, убедливо славеше над Бордо (3-1) и им се врати на победите во Лига 1.

  • Олимпик Марсеј - Бордо 3-1:

Екипата четири кола по ред немаше триумф, од кои три беа нерешени со резултат 1-1, но конечно избраниците на Андре Виљаш-Боаш заиграа со стил и дојдоа до посакувани три бода со кои фатија приклучок во горниот дел на табелата.

Дека Марсеј размислува само на победа, се даде до знаење уште во 5. минута, кога резултатот го отвори Тован по асистенција на Сакаи. Десет минути подоцна, истиот играч имаше шанса да зголеми на 2-0, ама промаши пенал, па предноста остана минимална на паузата. На стартот на вториот дел, Марсеј даде два гола во десет минути преку Амави и Пабло (автогол), за 3-0. Пред самиот крај на натпреварот Бордо успеа да постигне почесен гол. Во листата на стрелците за гостите се запиша Џош Маја. Олимпиј Марсеј е на петтото место на табелата со 12 бода, а во следната рунда гостува кај Лориен, додека Бордо ќе биде домаќин на Ним.

Голема гостинска победа запиша Лориент, кој славеше на теренот на Ремс со 1-3.

  • Ремс - Лориент 1-3: 

Колото ќе биде комплетирани утре со уште седум натпревари, а во вечерниот термин Лил ќе го пречека Ленс.