• Мартин Танасковски

Олимпик Марсеј имаше одлична шанса да му се приближи сериозно на лидерот Пари Сен Жермен, меѓутоа по киксот со Монпелје (1-1) на „Велодром“ домашната екипа остана далеку од фаворизираните „светци“.
- Извештај од натпреварот:
Доколку Марсеј победеше, разликата ќе беше четири бода, со тоа што ПСЖ ова коло игра со незгодниот Лион. Домаќинот имаше цело второ полувреме да постигне гол за победа, но не го најде патот до мрежата.
Останатите два гола паднаа во првото полувреме. Прв поведе Монпелје преку Нордин во 12. минута, а израмни Гензуди од пенал во 44. минута од натпреварот.
Марсеј во следната рунда игра со Лориен, а Монпелје ќе биде домаќин на Тулуз.