Марсеј продолжува да реди победи во Лига 1, славенички се враќа од Мец

Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја продолжија својата позитивна серија, откако го победија и Мец со 3-0 во седмото коло од Лига 1. Тимот на Роберто Де Зерби на тој начин се проби и го дели првото место на табелата, заедно уште со ПСЖ и Лион, но Марсеј има еден натпревар повеќе.

Триумфот во Мец не беше лесен, како што сугерира резултатот, бидејќи Марсеј ги постигна сите голови во второто полувреме, по изедначено прво полувреме во кое Мец, кон крајот, имаше една одлична шанса.

Сепак, квалитетот што беше впечатливо на страната на гостинот беше одлучувачки во остатокот од натпреварот. Бразилецот Игор Паисао го „отклучи“ голот на Мец во 51. минута, а потоа на сцена стапија Данецот Мет О’Рајли и Алжирецот Амин Гуири, кои заедно ја продуцираа работата за конечни 0-3.

Во следното коло Марсеј на свој терен ќе го пречека Ле Авр, додека Мец првата овосезонска победа ќе ја бара на гости кај Тулуз.