• Мартин Танасковски

Екипата на Олимпик Марсеј со победа на гостински терен кај Рен (1-2) ја продолжи серијата без пораз во Лига 1 и е најсериозен конкурент на актуелниот лидер Пари Сен Жермен.
Иако губеше на натпреварот, Марсеј направи пресврт до финишот и освои значајни три бода. Рен прво промаши пенал преку Калимуендо, но играчот се поправи со погодок за предност во 43. минута.
Сепак, пред паузата, Гринвуд израмни на 1-1, а на стартот на второто полувреме, Гринвуд беше во улога на асистент и го проигра Рабио кој го направи пресвртот (1-2). До финишот на мечот Марсеј доби и пенал, но ВАР го поништи.
Претходно, во ефикасен натпревар, Ница успеа да слави против Ремс (4-2). Лаборд беше двоен стрелец за победникот, а по еднаш погодија Гесан и Абди, додека за Ремс во листата на стрелците се запишаа Ито и Диакон.