ВИДЕО: Марсеј победи кај Анжер, Ним без Стојановски прими шест гола кај Бордо

Олимпик Марсеј славеше на гостувањето кај Анжер со 0-2 во битката за втората позиција на табелата во Лига 1. Паје со гол и асистенција го реши ривалот и се доближи на само два бода зад лидерот ПСЖ

  • Анжер - Олимпик Марсеј 0-2: 

Иако домашната екипа ја контролираше играта, Марсеј ги искористи своите шанси и дојде до важни три бода. Во 17. минута Сансон по нафрлена топка ја смири и погоди во долниот лев агол. Конечниот резултат беше поставен веќе во 41. минута кога Паје погоди од белата точка. 

Третата позиција на табелата ја презеде Бордо, откако со шест гола го испрати Ним (6-0) од „Матмут Атлантик". Бордо до убедлива победа дојде благодарение на хет-трикот на 20-годишниот Џош Маја и головите на Де Превил и Отавио. Нашиот Влатко Стојановски не доби шанса за настап во високиот пораз од фаворитот. 

Екипата на Брест со „петарда" славеше над Стразбур за избегнување на опасната зона и приближување кон средината на табелата. Домашната екипа до овој триумф дојде апсолутно заслужено. Тие имаа целосна доминација и веќе на полувреме водеа со 2-0. Играчот од средината на теренот Баточино постигна три гола за својот тим, а погодија уште Менди и Нгома од пенал.