ВИДЕО: Марсеј конечно стави крај на „црната“ серија и славеше на гости кај Троа

Екипата на Марсеј конечно им се врати на победите, откако на гостувањето кај Троа славеше со 0-2 и ја прекина серијата од пет последователни порази во сите натпреварувања.

  • Извештај од натпреварот:

По неефикасното прво полувреме, гостите поведоа на самиот почеток на продолжението. Емерсон нафрли од левата страна, а Ари се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата за 0-1

Троа потоа се обиде да се врати во натпреварот и имаше неколку добри можности, а во првата минута од судиското продолжение Рипар ја погоди стативата. Марсеј имаше и доза среќа, но успеа да ја сочува предноста.

Во длабокото продолжение, голманот Бич го собори Мумбања во шеснаесетникот, па Марсеј доби пенал. Абдели беше сигурен од белата точка за конечни 0-2 и важни три бода за гостите.