• Горан Упале
Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја добија последната битка и со победата над директниот ривал Рен обезбедија учество во Лига Европа следната сезона. На култниот „Велодром“ домашните фудбалери славеа со 3-1 и на тој начин се израмнија со Рен по бројот на бодови, но поради подобрата гол разлика ја зазедоа петтата позиција на табелата.
Автори на победата на Олимпик Марсеј беа Хојбјерг, Гаури и Обамејанг, додека почесниот погодок за гостинот го постигна Лапау во самата завршница. Шампионот ПСЖ сезоната ја заврши со пораз во градското дерби со Париз. Финалистот во Лигата на шампионите со голот на Баркола водеше со 0-1, но домашниот тим со двата гола на Гори се избори за пресврт и славенечки крај на шампионатот.
Највозбудливо беше во Стразбур, каде што домашниот тим во натпревар со девет гола славеше над Монако (5-4), додека Лион претрпе висок пораз пред својата публика од Ленс (0-4).
Покрај шампионот ПСЖ, во Лигата на шампионите во следната сезона ќе играат уште Ленс и Лил. Лион виза за елитата ќе брка преку квалификации, Олимпик Марсеј ќе настапи во Лига Европа, додека во Конференциската лига се сели Рен.
Што се однесува до долниот дел од табелата, второлигаши се Мец и Нант, додека бараж ќе игра Ница.

