ВИДЕО: Марсеј и Монако ремизираа во дербито за ЛШ

Екипите на Олимпик Марсеј и Монако го одиграа дербито на колото кое заврши без победник (1-1) во рамки на Лига 1.

Домаќинот успеа да дојде до бод во пресметката и покрај лошиот старт. Во дербито за Лигата на шампионите, Монако поведе во 17. минута со автоголот на Верето. На самиот почеток на второто полувреме, во 47. минута, со голот на Алексис Санчез, домашните израмнија на 1-1.

Во продолжението од натпреварот, Олимпик Марсеј имаше две зрели шанси за гол, преку Балерди и Паје, меѓутоа првиот шут заврши во пречката, вториот крај голот.

  • Извештај од натпреварот:

Марсеј е трети во Лига 1 со 43 бода, додека Монако е место подолу со 38 бода.

Состави

Игор Тудор

3-4-3

    Филип Клеман

    4-4-2