ВИДЕО: Две асистенции на Паје, Марсеј го закова Дижон на дното во Лига 1

Олимпик Марсеј на домашен терен славеше над Дижон (2-0) и ја продолжи битката за местото кое води во новата Конференциска Лига на УЕФА која стартува следната сезона.

  • Извештај од натпреварот:

Фаворитот на хартија очекувано доминираше против давеникот и го испрати дома со два гола во мрежата. Отпорот на гостите траеше скоро едно полувреме, затоа што во судиското надополнување од првото полувреме Балерди по асистенција на Паје донесе предност за Марсеј.

Во второто полувреме Дижон повторно почна да дава отпор, бараше шанса преку контра, ама сите дилеми околу победникот ги разреши Алваро во 79. минута, повторно по аситенција на најдобриот играч Дмитри Паје.

Марсеј во следната рунда го чека дерби дуел со Монпелје, додека Дижон, кој речиси сигурно испаѓа, гостува кај Монако.