ВИДЕО: Марсеј го освои Ленс и застана веднаш зад лидерот ПСЖ

Екипата на Олимпик Марсеј победи на едно од најтешките гостувања во Лига 1, тоа е кај екипата на Ленс (0-2) и остана во пол-позиција за пласман во Лигата на шампионите по крајот на сезоната.

Марсеј не знае за пораз во Франција на последните пет средби, така остана и сега. Со трите бода кај еден од најдобрите домаќини во лигата, тимот на Хорхе Сампаоли застана веднаш зад лидерот ПСЖ.

Посакуваната победа на контото на Марсеј ја донесоа Дмитри Паје и Сердик Бакамбу. Првиот погоди од пенал во 34. минута, додека вториот во листата на стрелците се запиша во 77. минута по асистенција на Гендузи.

  • Извештај од натпреварот: 

За Марсеј ова беше единаесетта победа во Лига 1 сезонава по 21 одигран натпревар.

Состави

Franck Haise

3-4-2-1

    Jorge Sampaoli

    4-4-2