Марсеј го освои „Божуар“, Рен западна во голема криза

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го совладаа Нант на „Бужоар“ со 1-2 (1-1) во последниот натпревар од десеттото коло од Лига 1. По поразот од Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј успеа да ги победи „канаринците“ во многу тешко гостување и пред полни трибини.

Тимот на Роберто де Зерби рано дојде во водство, а најголема заслуга имаше крилниот напаѓач Џонатан Роу, кој нафрли остро од левата страна, а Нил Мопе погоди за својот втор гол сезонава (0-1). Нант израмни во 39. минута преку Тино Кадевере, кој мајсторски реализираше по центаршутот на Коко, па Херонимо Руљи немаше шанса да одбрани. Конечниот резултат го постави Мејсон Гринвуд со прецизен удар од далечина во 61. минута.

Попладнево Оксер му нанесе тежок пораз на Рен со 4-0 и тимот од Бретања западна во голема криза. Проектот на едно од најбогатите семејства во светот, барем за оваа сезона, повторно може да се смета за неуспешен, иако имаше големи и сериозни најави. Тулуз и Авр со минимални победи ги совладаа Ремс и Монпеље.

Состави

Antoine Kombouare

4-2-3-1

    Roberto De Zerbi

    4-2-3-1