• Иван Димовски
Фудбалерите на Олимпик Марсеј славеа во дербито на 16. коло во француската Лига 1 против Монако со минимални 1-0. Средбата на „Велодром“ започна со задоцнување поради пиротехниката на домашните фанови, па започна околу 15 минути подоцна од планираното.
- Олимпик Марсеј - Монако 1-0:
На фудбалски план немаше премногу до финишот на средбата. Тогаш Монако имаше поништен гол кој го постигна Балогун, а само минута подоцна прашањето за победникот го реши Мејсон Гринвуд.
Најлудиот натпревар на денот се одигра во Оксер каде што домаќинот загуби во голеадата од Лил со 3-4. Гостите поведоа преку Харалдсон во деветтата минута, а потоа Нгој доби црвен картон. Синајоко ја врати домашната екипа до егал во продолжението, но исклучен беше Акпа и силите се израмнија. По автоголот на Мбемба беше комплетиран пресвртот (2-1), но Бенталеб и Диауне погодија набрзина за 2-3. Синајоко пак реализира за израмнување од белата точка, а херој на Лил беше Андре кој донесе победа. Во финишот имаше и тепачка во која црвени картони заработија Перод од Лил и Ел-Азузи од Оксер.
- Лион - Авр 1-0:
На останатите терени Лион минимално слави со Ле Авр (1-0), Ленс триумфира против Ница (2-0) и остана на врвот, а без голови одиграа Стразбур и Лориент (0-0).
- Ленс - Ница 2-0:






