Маронг од Академија Пандев се врати во српскиот фудбал

Осман Маронг, фудбалерот кој беше меѓу најдобрите во редовите на Академија Пандев во минатата сезона, по една сезона и официјално го напушти македонскиот вицешампион и кариерата ќе ја продолжи во Србија.

Фудбалерот од Габон, кој своите последни минути за струмичкиот тим ги одигра на европскиот двомеч против Лехија Гдањск го засили тимот на Радник Сурдулица, со кого потпиша договор на две сезони.

За Маронг ова ќе значи враќање во српскиот фудбал, откако пред да се пресели во Академија Пандев ги бранеше боите на Графичар.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.