ВИДЕО: Мароко со тотален фудбал ги демолира САД и е полуфиналист на ЛОИ

Фудбалската репрезентација на Мароко продолжи да игра феноменално на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) и со триумф над САД (4-0) се пласира во полуфиналето на турнирот во земјата на „триколорите“.

Мароканците блескаат на теренот на овој шампионат и со игрите покажуваат дека во моментов се најдобрата селекција од Африка. Американците немаа шанси да им парираат, пред се затоа што имаа само еден шут во рамки на голот.

Првиот погодок на мечот за Мароко го постигна најдобриот стрелец Рахими кој во 29. минута реализира од пенал и така дојде до бројката од пет гола на ЛОИ. Тоа беше резултатот на паузата (1-0), а во вториот дел во листата на стрелците се запишаа Акомач кој во 63. минута погоди по атрактивна акција, како и Хакими во 70. минута. Пред крајот Мароко доби втор пенал кој во гол го претвори Махуб.

  • Извештај од натпреварот:

Мароко го чека ривалот во полуфиналето на олимпискиот фудбалски турнир, а тоа ќе биде Јапонија или Шпанија.