Мароко со најголемиот стадион во светот го сака мундијалското финале

Три фудбалски земји ќе ги организираат двата следни фудбалски Мундијали. Мароко, Шпанија и Португалија ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година. Сепак, непознато е каде ќе се игра финалниот натпревар.

Три стадиони се предложени како можни места за финалето на турнирот – „Сантијаго Бернабеу“ (Мадрид), „Камп Ноу“ (Барселона) и новиот стадион во Казабланка.

Стадионот во Мадрид е фаворит, но Фудбалскиот сојуз на Мароко потврди дека силно ќе лобира за стадионот кој моментално е во изградба. Стадионот „Хасан Втори“, именуван по мароканскиот крал, ќе „никне“ на 32 километри северно од Казабланка и се планира да има капацитет од 115.000 гледачи, што ќе го направи најголемиот фудбалски стадион во светот.

За дизајнот на стадионот е одговорна меѓународно призната компанија, со соработка со француски архитекти.