Мароко со Италијанец на клупата ќе патува на СП во Катар 

Валид Реграги беше главен фаворит за наследник на Вахид Халилхоџиќ на клупата на Мароко, но во последен момент отпадна од игра и нема да ја заземе селекторската позиција.

Халилхоџиќ по неколкумесечната тензија со федерацијата, минатата недела и официјално го напушти кормилото на Мароко.

Локалниот стратег беше пред промоција, но на крај изборот повторно падна на странец, овој пат Италијанецот Валтер Мацари, кој последен пат беше тренер на тимот на Каљари. 60-годишниот стратег во поголемиот дел од својата кариера работеше во Италија, водејќи ги Интер, Сампдорија, Наполи, Торино, а една сезона го водеше и Вотфорд во Премиер лигата.

На Светското првенство во Катар, Мароко е во група со Хрватска, Белгија и Канада.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.