• Горан Упале
Мароко е главен фаворит за домаќин на Светското клупско првенство во 2029 година, тврди локалниот портал „Ле Деск“.
Според него, домаќинот на Африканскиот Куп на нации е во најдобра позиција да биде домаќин на обновениот турнир на ФИФА, чие прво издание се одржа минатото лето во Соединетите Американски Држави. Причината за ова се позитивните впечатоци од организацијата на африканското натпреварување, кои потврдуваат дека земјата е добро опремена во однос на инфраструктурата и има неколку модерни стадиони.
Треба да се напомене дека Мароко ќе биде ко-домаќин и на Светското првенство во 2030 година, заедно со Португалија и Шпанија. Истиот извор наведува дека ФИФА наскоро треба да ја објави конечната одлука, додека засега се познати само шест од 32-та учесници на турнирот.
Покрај Мароко, во конкуренција за домаќин на следното Светско клупско првенство се уште и Соединетите Американски Држави, Бразил и Катар.

