Мароканскиот селектор: Уште ништо не сме освоиле, мора да ја задржиме борбеноста

Селекторот на мароканската фудбалска репрезентација, Валид Реграги не ликуваше и остана скромен по големиот успех и третата победа на оваа селекција во историјата.

По победата во натпреварот против Белгија со 2-0 во второто коло од групата Ф на Светското првенство, Реграги изјави дека селекцијата треба да ја задржи борбеноста за следниот натпревар против Канада.

„Уште ништо не сме освоиле. Секако дека сакам да се радувам на оваа победа, но мора да се одмориме и да рекуперираме. Канада е многу добар тим и за да ги победиме ќе мора да ја задржиме оваа борбеност.

Денес се браневме како голем тим“, изјави Реграри.

Мароко моментално е лидер во групата со четири бода, исто колку и Хрватска, Белгија е трета со три бода, а Канада е без бодови и веќе е елиминирана.

Состави

Роберто Мартинез

3-5-2

    Валид Реграги

    4-1-4-1