Мароканците задоволни: Игравме избалансирано како европските селекции

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Валид Реграги  покажа задоволство во освоениот бод на стартот на Светското првенство. По денешното реми без голови против Хрватска, Мароканците добија голема самодоверба.

„Кога ќе започнете турнир со пораз, вашите соништа се завршени. Овој бод и играта ни даваат поголема самодоверба. Не успеавме да победиме, но исходот е одличен. Дадовме максимум и горд сум на момците. Овој натпревар беше на навистина високо ниво. Одигравме избалансирано како европските селекции, сакавме да и се заканиме на Хрватска и да постигнеме добар резултат, но главната цел беше да не загубиме. Мораме да се подобриме и да развиеме победнички менталитет“, додаде 47-годишниот тренер.

Мароканските играчи имаа шанси, преку Нусаир Мазрауи и Ашраф Хакими, но двата удари ги спречи голманот Доминик Ливаковиќ.

Последната победа на Светските првенства, Мароко ја оствари во 1998 година кога ја победи Шкотска со 3-0.

Состави

Валид Реграги

4-1-4-1

    Златко Далиќ

    4-1-4-1