• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Мароко го освои бронзениот медал на Олимписките игри, откако во „малото финале“ слави против Египет со убедливи 0-6 (0-2). Натпреварот на „Стејд де Бужур“ во Нант понуди големо славје за навивачите кои доминираа на трибините, а тоа секако беа мароканските.
Шоуто започна во 23. минута кога Езалзули по асистенција на Ел Уахди стрела за 0-1. Само три подоцна на 0-2 зголеми Софиан Рахими. Мароканците имаа сè под контрола, а во вториот дел кога ривалот требаше да брка кам-бек се случи спротивното.
Течеше 51. минута кога Ел Канус успеа да го матира противничкиот голман и зголеми на 0-3. Кошмарот за Египет продолжи со вториот погодок на Рахими, а меѓу стрелците се запиша и Нахач. Точка на победата и „шлаг на тортата“ беше погодокот на капитенот Ашраф Хакими со кој резултатот беше поставен на 0-6.
- Извештај од натпреварот:
Во натпреварот за златниот медал в петок ќе се судрат Франција и Шпанија.